Дејвид Швимер открил кога започнува снимањето на продолжението на „Friends“

Точка

05/03/2021

14:14

2.713

Големина на фонт

а а а

Серијата „Friends“ има многу фанови ширум светот, а ново воодушевување предизвика најавата дека ова култно остварување ќе добие свое продолжение.

Снимањето требаше да започне минатата година во август, но истото беше презакажано за 2021 година поради пандемијата на коронавирусот. Сега актерот Дејвид Швимер открил нови детали за повторното обединување на „пријателите“ за снимањето на специјалната епизода.

54-годишниот Швимер, кој го глумеше Рос Гелер, вели дека снимањето започнува во април. Новите информации, актерот ги открил во емисијата на Енди Коен, точно по една година откако за првпат беше објавено дека „Friends“ се враќа на малите екрани.

„Всушност, за нешто повеќе од еден месец заминувам за Лос Анџелес, каде што започнува снимањето“, изјавил Дејвид.

„Конечно осмисливме начин како безбедно да снимаме и ќе има делови кои ќе ги снимаме надвор поради безбедносните протоколи“, додал тој.

Во текот на интервјуто, актерот исто така открил дека Елен Деџенерис нема да го претстави обединувањето – и покрај претходните најави дека екипата ќе гостува токму кај неа.

„Не е Елен, не е Били Кристал. Можам само да откријам кај кого нема да го најавиме повторното здружување“, додал Швимер.

Повторното собирање ја вклучува оригиналната актерска постава: Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Ле Бланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг