Прва земја во Европа која ќе дозволи влез за невакцинирани патници

Точка

04/03/2021

17:45

8.788

Големина на фонт

а а а

Бројот на регистрирани случаи е речиси едноцифрен, и на вакцинираните лица, како и на оние кои закрепнале од коронавирусот повторно им е дозволен влез во Исланд, без никакво ограничување.

Единствено што им е потребно на патниците е доказ дека се вакцинирани или дека ја прележале болеста, пренесува „TU“ магазинот.


Меѓутоа, се очекува од 1-ви мај мерките да бидат значително поблаги, и дека и невакцинираните патници кои доаѓаат од земји или региони со поволна епидемиолошка состојба ќе можат да влезат во земјата без никакви ограничувања.

Исланд е најдобар пример како треба да се спроведуваат мерки за борба против пандемијата на Ковид-19. Тоа е држава во која има најмалку заразени од сите останати европски земји, но исто така има и многу помалку жители. На Исланд живеат повеќе од 350.000 луѓе. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг