Откако започна пандемијата на коронавирусот, повеќето луѓе најголемиот дел од денот го поминуваат дома, а тоа им отвори простор на стриминг платформите да се наметнат на пазарот.
Поради тоа, сè поголем број на производители започнаа да експериментираат и да тестираат голем број на иновации и кај телевизорите.
Така, компанијата C SEED одлучи да направи телевизор на склопување со дијагонала од 165 инчи. Станува збор за телевизорот C SEED M1 TV кој на есен би требало да се најде во продажба.
Овој телевизор тежи околу 1,300 килограми, а се вградува во самиот под на собата. Огромниот панел со 4К резолуција кој го носи алуминиумска конструкција, се состои од пет дела и зазема површина од 7,5 метри квадратни.
Уредот ја користи иновативната microLED технологија, па тоа е една од причините за неговата неверојатна цена - чини дури 400 илјади долари. Во оваа цена не е вклучено вградувањето во подот кое дополнително се наплатува.
Новата microLED технологија, меѓу другото, значи дека на местото на превиткување на екранот, воопшто не се губи квалитет на сликата.