Поради улогата на Патриција Гучи стана икона на стилот: Лејди Гага воодушеви со елегантното модно издание на улиците во Рим

Точка

04/03/2021

16:33

3.374

Големина на фонт

а а а

Пејачката Лејди Гага отсекогаш беше позната и како кралица на „бизарната“ мода, но и покрај тоа што со години ја гледаме во „откачени“ модни изданија, овојпат изненадила со својот елегантен стил и стајлинг во каков што досега никогаш не сме ја виделе.

Јасно е дека Лејди Гага стекнала неверојатна слава како пејачка, но знаеме дека таа заплови и во актерските води, па со глумата во филмот „Ѕвездата е родена“ таа официјално ја започна кариерата на актерка, а сега ќе ја гледаме во ново филмско остварување.


Таа моментално се наоѓа во Рим, каде што се снима филмот за животот на модната династија „Гучи“ во кој ќе ја толкува улогата на Патриција, поранешната сопруга на Маурицио Гучи.

Гага овојпат била елегантно облечена во капут со потпис на „Max Mara“, во тренд карамела варијанта.


Носела и „стејтмент чевли“, детаљ во вид на бели ракавици, но и чанта од „Celine“.

Целиот свој стајлинг го завршила со елегантна пунџа.


Дали ви се допаѓа?



Спонзорирани линкови

Маркетинг