Го „поправија“ дизајнот на новата маска на БМВ...

Точка

04/03/2021

15:33

3.448

Големина на фонт

а а а

БМВ со новите, но и со старите „бубрези“ на предната маска. Која верзија повеќе ви се допаѓа?

Околу новиот дизајн на предната маска на БМВ „се кршат копја“ откако баварскиот производител го претстави тој детал на моделите од Серија 4, а потоа и на спортските верзии М3 и М4.

Иако станува збор за вкус, сепак мора да се признае дека дизајнерите на БМВ покажаа доза на храброст кога се одлучија за вака драстична промена на еден од најпрепознатливите симболи на автомобилите на германскиот производител.

За оние кои пак не ги сакаат новите и поголеми „бубрези“, тјунерската куќа "Avante Design" понуди алтернативен пакет со „стариот“ изглед на предната маска.

Од друга страна, оваа компанија нуди и верзија со големите „бубрези“, чиј облик малку се разликува од оригиналниот дизајн, па купувачите сега имаат избор. Која верзија би ја избрале вие?




Спонзорирани линкови

Маркетинг