Ги опуштаат дишните патишта, ги намалуваaт воспаленијата и отоците: Овие намирници ги ублажуваат и симптомите на астма

Точка

04/03/2021

08:47

3.681

Големина на фонт

а а а

Не постои едноставен начин за лечење на астмата, а особено не преку изборот на „магичните“ намирници, но исхраната секако дека има ефект за олеснување на овие болести.

Генералната препорака на докторите е разновидна исхрана, а како конкретен пример се наведува медитеранската. Тоа значи дека треба да се консумираат многу здрави масти, риба, интегрални житарки, овошје и зеленчук.

Треба да водите грижа и за вишокот килограми затоа што тоа може да ја влоши оваа болест.

Намирници кои ги ублажуват симптомите на астма:

Јаболко и портокал

Овошјето е здраво поради повеќе причини, а кога станува збор за олеснување на симптомите на астмата тоа е така поради тоа што тие содржат голема количина на витамин Ц и Е кои што помагаат во намалување на воспалението и отокот на белите дробови. Јаболкото и цитрусното овошје се богати со овие состојки и се препорачува нивна секојдневна консумација.


Лосос

Не се сите масти исти и немаат ист ефект на организмот, а монозаситените масни киселини и полунезаситените масни киселини можат да бидат добри за организмот, баш како и омега-3 масните киселини. Тие се здрави за луѓето, а особено за оние кои што боледуваат од астма.

Ѓумбир

Не само што е добар за смирување на стомкот, туку се користи и за смирување на симптомите на астмата. Истражувањата покажале дека ѓумбирот во себе содржи состојки кои што можат да ги опуштат дишните патишта.


Спанаќ

Покрај тоа што содржи витамини и минерали, спанаќот содржи и фолна киселина, витамин Б9 кој што е многу важен за борбата против астмата. Истражување покажало дека доколку децата не внесуваат доволно фолна киселина и витамин Д во организмот имаат поголема шанса од астматичен напад.

Калинка

Богата е со антиоксиданси кои што го намалуваат воспалението на дишните органи, а покрај тоа може да го намали и нивото на оштетувањата на белодробните ткива. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг