Прототип ракета на американската вселенска компанија "SpaceX" успешно слета после пробниот лет во американската сојузна држава Тексас, но леталото набрзо по слетувањето го зафати пожар и експлодираше.
Како што пренесува "BBC", прототип на ракета на американската вселенска компанија "SpaceX" успешно успеа да се приземји, за разлика од претходните проекти "SN8" и "SN9", меѓутоа брзо по слетувањето голем пожар го зафати леталото, па после осум минути следуваше експлозија.
"Starship SN10", како и "SN8" и "SN9" пред него, се прототипи на ракета кои ги разви приватната вселенска компанија на Илон Маск со цел да се овозможи превоз на луѓе и товар на идните мисии на Месечината и Марс.