4 најголеми митови поврзани со секс за кои се срамиме да зборуваме, а сакаме да ја дознаеме вистината

Точка

03/03/2021

16:46

5.936

Големина на фонт

а а а

Често се срамиме поради своето незнаење или проблемите со кои сме соочени, па не сакаме да зборуваме со својот доктор за тоа иако најсигурното место за информирање за здравјето е токму лекарската ординација.

Ова се 4-те најчести заблуди во врска со сексот.

Мит број 1: Жената не може да забремени по првото сексуално искуство

Исти се шансите да забремените во текот на првиот секс и за време на односот по којзнае кој пат – тука нема правила. Според статистиките, 20 отсто од девојките забременуваат во рок од еден месец откако ќе станат сексуално активни без заштита. Исто така, треба да се напомене дека единствената 100-процентна контрацепција е – апстиненцијата.


Мит број 2: Жената не може да забремени за време на менструалниот циклус

Шансите за ова да се случи не се големи, но бременоста за време на менструалниот циклус е секако можна. Некои жени имаат продолжен период на крварење, што значи дека тоа може да се поклопи со почетокот на овулацијата. На тој начин можат да бидат плодни иако крварат.

Мит број 3: Полова болест може да се добие преку даска на ВЦ школка

Сексуално преносливите болести не можат да функционираат надвор од телото долго време – особено не на студена површина како што е даската од ВЦ школката. Исто така, таквите болести не секогаш се присутни во урината што значи дека шансите за заболување на ваков начин се многу мали, тврди д-р Софија Јен.


Мит број 4: Пилулите за „ден потоа“ предизвикуваат абортус

Ако итната контрацепција или пилулата за „ден потоа“ се земе кога жената е веќе трудна, тоа ништо нема да промени. Кога јајце клетката е оплодена и врзана со ѕидот на матката, пилулата нема да има никакво влијание. Итната контрацепција не е абортус бидејќи се применува за да се спречи настанување на бременоста, а се користи до 120 часа по сексуалниот однос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг