Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус

Макфакс

03/03/2021

11:10

1.663

Големина на фонт

а а а

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“ директорот на канцеларијата на Светската здравствена организација во Србија, Марјан Ивануша.

Тој оцени дека треба да се потсети на важноста за придржување кон мерките, бидејќи ситуацијата во Србија е сериозна.


Ивануша посочува дека сите знаеме дека тоа е тешко и дека треба долго време, но дека сè додека не се постигне колективен имунитет преку вакцинација, единственото нешто што останува во борбата против вирусот е почитување на епидемиолошките мерки.

„Покрај успехот во вакцинацијата, треба да се има предвид дека бројот на оние кои сè уште не се вакцинирани е голем и тие сè уште можат да се заразат и да го пренесат вирусот“, рече Ивануша.


Тој смета дека успехот на вакцинацијата зависи од довербата на јавноста и дека треба да се обезбедат веродостојни информации за безбедноста и придобивките од вакцината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг