Анџелина Џоли продала историско уметничко дело: Актерката е побогата за 8.000.000 евра, а нема да верувате поради чија слика!

Точка

02/03/2021

15:53

4.873

Големина на фонт

а а а

Сликата на поранешниот британски премиер, Винстон Черчил, која била во сопственост на актерката Анџелина Џоли, продадена е за 7.000.000 фунти на аукција во Лондон.

Цената на сликата е речиси четирипати поголема од најдобро проценетата претпродажна цена, а го надминала и претходниот рекорд за некоја слика на Черчил која чинела нешто под 1.800.000 фунти, пренесува „BBC“.


Сликата направена во Маракеш, за време на Втората светска војна, продадена е на анонимен купец.

Портпаролката на аукциската куќа, Кристи, оваа слика ја нарекла најважно дело на Черчил.


„Освен неговите истакнати дела, ова е единствен пејзаж кој го направи тој за време на војната“, додала портпаролката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг