Огромна санта мраз се одвои од Антарктикот: Станува збор за површина поголема од Њујорк!

Точка

02/03/2021

08:46

3.817

Големина на фонт

а а а

На Антарктикот од ледената плоча Брунт се одвои санта мраз чија површина е 20 пати поголема од површината на Менхетн.

Сантата мраз има површина од 1270 квадратни километри и поголема е од Њујорк, а се одвои како последица на природен процес, соопштија од Британската истражувачка мисија на Антарктикот.

Како што пренесува „СиЕнЕн“, научниците со години очекувале одвојување на сантата мраз поради пукнатина со дебелина од 150 метри. Последен пат кога така големо парче се одвоило во оваа област било во раните 70-ти години од минатиот век.

Како што открија научниците, одвојувањето на ледената површина на Антарктикот се случува речиси 10 години откако за првпат била откриена пукнатината.

Уште поголем леден брег се одвои од плочата Ларсен во 2017-та година. Научниците истакнуваат дека промените на ледените плочи се нормална појава и дека нема поврзаност на актуелното одвојување со тоа од 2017-та година. Исто така нагласуваат дека нема докази дека климатските промени имале значајна улога во овој процес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг