(Видео) Шахпаска: 1-ви март - Ден на нула дискриминација

Макфакс

01/03/2021

11:19

696

Големина на фонт

а а а

По повод 1 март – Денот на нула дискриминација, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, порача дека владата и министерството за труд и социјална политика, имаат направено сериозен исчекор во борбата против дискриминацијата.

„Преку широка и отворена дебата успеавме да го усвоиме Законот за спречување и заштита од дискриминација. За прв пат како дискриминаторски основи ги вклучивме и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како дел од основните човекови права и слободи“, истакна Шахпаска.

Таа ја потенцираше транспарентната постапка за избор на професионалната Комисија за спречување и заштита од дискриминација, која има задача ефикасно, објективно, независно и принципиелно да работи во интерес на граѓаните.

„Градиме еднакво општество за сите, водени од тоа дека секој има право на достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност или убедување. Секој човек е различен и секој човек има право на избор. Впрочем, убавината на општеството ја прават различностите,“ порача министерката Шахпаска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг