Мануел Нојер за прв пат по долг период ќе собори и еден негативен рекорд

Дерби

01/03/2021

10:55

1.106

Големина на фонт

а а а

Германскиот легендарен голман, Мануел Нојер во својата кариера како член на Баерн Минхен поставуваше само рекорди со своите настапи.

Изминатава деценија Нојер дефинитивно еден од најдобрите голмани, а тоа го покажуваше и со бројките зад своето име.

Сега, за прв пат по долг период Нојер е пред соборување на еден негативен рекорд кој се однесува на головите примени во една натпреварувачка сезона во Бундеслигата.

Оваа сезона Нојер уште сега има примено исто голови колку минатите години, па извесно е дека до крајот на сезоната ќе прими уште голови со што ќе си постави негативен рекорд.

Германскиот голман никогаш не примил повеќе од 32 голови во дресот на Баерн Минхен, а тој број на примени голови сега е изедначен по само 23 натпревари оваа сезона.

Инаку, најголем број голови Мануел Нојер примил во сезоната 2010/11 во дресот на Шалке 04 кога првенството го заврши со 44 примени погодоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг