Капело воодушевен од младата ѕвезда во Серија А: Тој е во топ 3 најдобри играчи за врска во Европа!

Макфакс

01/03/2021

10:51

1.783

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте го промени пристапот при составувањето на средниот ред и го остави Артуро Видал во втор план, а предност му даде на Кристијан Ериксен кој ја преброди кризата и успеа да се избори за место во друштво на Марсело Брозовиќ и Николо Барела кој и дефинитивно е клучен фактор во играта на Интер.

„Нераѕурите“ врзаа импресивна серија од пет победи во домашното првенство и силата ја демонстрираа и на вчерашниот дуел против Џенова која пристигна на „Џузепе Меаца“ во одлична форма, но која на крајот си замина од овој стадион со три примени гола во својата мрежа.

По средбата, легендарниот Фабио Капело не штедеше комплименти токму за миленикот во системот на Конте, фантастичниот Николо Барела кој тој го смести во топ 3 играчи за врска во фудбалската елита.

– Барела без ронка сомнеж е еден од најдобрите тројца играчи за врска во европскиот фудбал. Без нималку сомнеж може да се донесе ваков силен заклучок, – изјави Капело за „Скај Спорт Италија“.

– Тој имавизија, стабилност, квалитет и брзина, се што е потребно на средината. Секој потег му е правилен. Хакими е брз и знае да влезе во шеснаесетникот, но Барела е тој кој е брз и кој прецизно ја додава топката, а тоа е огромна разлика. Овој тим на Интер доби трансформација со Барела во системот, – потенцира Дон Фабио кој очигледно е воодушевен од младиот фудбалер кој неодамна наполни 24 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг