Само шест проценти од Русите се имуни на Ковид-19

Макфакс

01/03/2021

10:27

683

Големина на фонт

а а а

Само шест проценти од Русите во моментов имаат имунитет на коронавирусот, изјави Александар Горелов, заменик-директор на рускиот Централен институт за истражување и епидемиологија и дописен член на Руската академија на науките.

Од почетокот на епидемијата, околу 4,2 милиони луѓе се разболеле во земјата, плус 20-30 проценти од оние кои немале никакви симптоми, па затоа не им била потребна лекарска помош и не биле тестирани, а вакцинирани се околу четири милиони граѓани досега, рече Горелов за неделното издание на „Росискаје газета“, пренесува агенцијата ТАСС.

Тоа значи, истакна научникот, дека сега осум до девет милиони луѓе се заштитени од коронавирус, а кај население од 146 милиони жители во земјата тоа претставува 5,7 до 6 проценти.

Тој уште еднаш потсети дека ширењето на инфекцијата ќе биде ограничено само кога 60-70 проценти од популацијата ќе биде имуна на вирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг