Воената хунта го заострила обвинението против поранешната премирека Су Чи: На товар ѝ се става ширење на информации кои предизвикуваат страв

Точка

01/03/2021

09:54

1.118

Големина на фонт

а а а

Судот во Мјанмар денеска поднел уште едно обвинение против екс премиерката Аунг Сан Су Чи, соопштил нејзиниот адвокат Мин Мин Со за "Reuters".

Су Чи изгледала здраво кога го слушала обвинението преку видео линк, иако е очигледно дека изгубила неколку килограми, додал "Reuters".

Лидерката на Националната Лига за демократија не е видена во јавност откако нејзината влада била насилно отстранета од власт во воениот пуч на 1-ви февруари и од тогаш е во затвор.

Првобитно е обвинета дека илегално во земјата донела шест токи-воки уреди, а подоцна според мислењето на обвинителството ги прекршила законите кои се однесуваат на рестриктивните мерки во време на пандемијата на Ковид-19.

Денеска на листата е додадено обвинение според кое Су Чи во јавноста ширела информации кои може да предизвикаат страв и паника и да го нарушат јавниот мир.

Следното сослушување ќе биде на 15-ти март.




Спонзорирани линкови

Маркетинг