305 новозаразени со коронавирус, 11 лица ја загубија битката со вирусот...

Точка

28/02/2021

16:06

4.958

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче предмалку го објави бројот на новозаразени со коронавирус и починати во последното деноноќие во земјава.

Од 2,533 направени тестирања, во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 305 нови случаи на коронавирус, во: Скопје 153, Кавадарци 30, Куманово 22, Прилеп 21, Тетово 18, Неготино 14, Охрид 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга 5, Штип и Битола – по 4, Ресен 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1.


Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (79г,72г,67г,57г), 3 пациенти од Прилеп (79г,71,70), 2 пациенти од Гевгелија (85г,71г), и по еден пациент од Куманово (77г) и Битола (80г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.


Министерството за здравство регистрираше 167 оздравени пациенти од. Досега во земјата се направени вкупно 522.518 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.787, бројката на оздравени пациенти е 91.233, на починати е 3.137, а бројот на активни случаи изнесува 8.417.



Спонзорирани линкови

Маркетинг