Познат германски имунолог ја моли Меркел: Јавно примете ја вакцината на “AstraZeneca”

Точка

28/02/2021

12:14

6.325

Големина на фонт

а а а

Германски имунолог ги повика германските власти да им дозволат и на лицата постари од 65 години да ја примат вакцината на “AstraZeneca”.

Во интервјуто за „БиБиСи“, Карстен Вацл, прв човек на Германското имунолошко друштво, истакна дека регулаторите мора да ја променат одлуката на старите да не им се препорачува вакцинирање со вакцината на “AstraZeneca”.

Имунологот ја повика канцеларката Ангела Меркел да се вакцинира во живо на телевизија и на тој начин да покаже дека вакцината е безбедна.


Повикот на професорот Вацл следува откако неодамнешните студии во Шкотска покажаа дека вакцината на “AstraZeneca” сепак е ефикасна и кај повозрасните пациенти, односно лица постари од 65 години.

Германија е една од многу земји од Европската унија кои изразија сомнеж во ефикасноста на оваа вакцина кај постарите лица, иако регулаторите во рамките на ЕУ уште во јануари го одобрија користењето на вакцината на “AstraZeneca” за повеќе старосни групи.

Германските здравствени власти досега имаат искористено помалку од 300 илјади од 1,17 милиони дози на вакцината на “AstraZeneca” кои таа земја ги доби.




Спонзорирани линкови

Маркетинг