Исламисти од Швајцарија соучесници на крвникот Фејзулај? Знаеле за нападот во Виена, постои сомнеж дека му го донеле оружјето

Точка

27/02/2021

20:06

3.950

Големина на фонт

а а а

Двајцата исламисти кои се уапсени во Швајцарија после терористичкиот напад во Виена, на 2-ри ноември, осомничени се дека се соучесници, односно, дека барем знаеле за планираната акција на терористот Кујтим Фејзулај, кој во главниот град на Австрија уби четири и рани повеќе од 20 лица.

Се работи за двајца мажи од Винтертур на возраст од 25 и 18 години, кои веќе долго се дел од исламистичката сцена.

Докажано е дека минатата година патувале во Виена, каде се сретнале со Фејзулај и дека дури и преноќиле во неговиот стан.

Откако се вратиле во Швајцарија, Фејзулај се обидел во Словачка, безуспешно, да купи муниција за неговата автоматска пушка.

Постои сомнеж дека Фејзулај тоа оружје го добил токму од Швајцарците.


За двајцата мажи има и докази, односно фотографија од планот на Виена, на која се обележани местата за подоцнежно злосторство во центарот на градот.

Австриската полиција веднаш после терористичкиот напад покренала потрага за можните соучесници, но после повеќе недели дошла до заклучок дека Фејзулај делувал сам.

Меѓутоа, се претпоставува дека имало лица од исламистичката сцена со кои се движел, а кои знаеле за неговите намери, можеби и оние кои го охрабрувале на тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг