Неверојатна глетка на аргентинското небо: Наезда од комарци формирала "торнадо"

Точка

27/02/2021

18:10

1.928

Големина на фонт

а а а

Торнадото било резултат од наездата на комарци кои во последно време "го тероризираат" регионот Буенос Аирес.

Снимката од Аргентина на која се гледа како бројни комарци формирале "торнадо" станала вирална на социјалните мрежи, додека граѓаните ги фатила паника.

На снимката се слуша шокиран мотоциклист кој вели: "Ова станува се поголемо и поголемо, никогаш не сум видел нешто вакво". Торнадото било резултат од наездата на комарци кои во последно време "го тероризираат" регионот Буенос Аирес.

Хуан Хозе Гарсија, истражувач од Центарот за паразитолошки и векторски студии за локалните медиуми рекол дека обилните дождови предизвикале поплави и дека во локвите вода женките комарци положуваат јајца.

Додал дека тоа често резултира со огромен број на инсекти кои ги напаѓаат градовите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг