Беж боја од глава до пети – тренд кој одлично им прилега на жените, а еве како да го носите без грешка

Точка

27/02/2021

15:25

3.703

Големина на фонт

а а а

Вака облечена, секоја жена изгледа како милион долари.

Беж бојата, а се чини и монохроматскиот стил нема наскоро да излезат од мода, а ние пронајдовме одличен стајлинг кој може да ви послужи како инспирација доколку сакате вакви модни комбинации.

Пејачката Ешли Роберт уште еднаш е на висина на задачата и нѝ даде одличен предлог како да го понесеме овој тренд без грешка.


Фармерките со рамен крој се одличен избор оваа сезона. Модните експерти ги сместија на самиот врв на модната листа. Тие нагласуваат дека овој модел подобро им стои на високите и слаби жени, додека дамите со пошироки колкови би требало да ги одбегнуваат.

Ешли одбрала и крем ролка и тексас јакна, а целиот стајлинг го надополнила со крем чанта и салонки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг