Јужнокорејската компанија има проблеми со батеријата кај своите автомобили и поради тоа ќе мора да отповика голем број на возила. Ова значи дека компанијата ќе претрпи голема финансиска штета.
Hyundai мора да отповика 82 илјади електрични автомобили ширум светот и да им ги замени батериите откако веќе 15 автомобили се запалија поради проблеми со батеријата.
Иако зафатен е релативно мал број на автомобили, ризикот сепак е преголем, па мора да дојде до отповикување кое компанијата ќе ја чини речиси една милијарда долари, односно поточно 900 милиони долари.
Една батерија чини околу 11,000 долари и ова е едно од најскапите отповикувања во историјата на автомобилската индустрија, а секако најголем во историјата на Hyundai.
Замената на целата батерија на електричниот автомобил е крајна мерка за која е потребна слична количина на работа и трошоци како замена на цел мотор со внатрешно согорување.