Манекенката Наоми Кемпбел (51), повторно привлече внимание - позираше топлес за насловна страна на еден магазин во Кенија.
Некогашниот топ модел и поранешен ангел на „Викторија Сикрет“, се соблече топлес за потребите не снимањето и покажа дека изгледа совршено.
Т.н. „црна пантерка“ која што во светот на моделингот влезе на 15 години и денес изгледа беспрекорно.
Таа позирала за „i-D“ магазинот во Кенија, па изјавила:
„Кога ќе ги видите овие фотографии се надевам дека ќе видите колку Кенија е убава, колку Африка е убава“.
„Мислам дека луѓето сега навистина ќе почнат да сфаќаат дека Африка е убава. Има толку многу драгоцени работи, толку скриени тајни. Доаѓам овде од 1994 година и сè уште откривам нови работи“, истакнала Наоми.
„Горда сум што сум дел од снимањето со младите креативци кои што се сите со боја на мојата кожа“, посебно нагласила Наоми.