Откако ја прими и втората доза на вакцината против ковид-19, Гејтс коментираше до кога ќе ги носиме заштитните маски

Точка

27/02/2021

12:11

6.146

Големина на фонт

а а а

Гејтс вели дека маските не претставуваат некоја „страшна работа“, па и покрај фактот што постои вакцината, истите ќе продолжиме да ги носиме и цела наредна есен.

Дали со масовната вакцинација нашите животи навистина ќе се вратат на старо или пак и понатаму ќе мора да ги носиме заштитните маски и да држиме дистанца?

Одговорот на ова прашање моментално не е целосно познат и времето треба да покаже како ќе се движи ситуацијата со коронавирусот и по вакцинацијата. Тоа што сега е сигурно е дека доколку се вакцинирате и понатаму ќе мора да се придржувате до епидемиолошките мерки и да носите заштитна маска.

За вакцинацијата и маските неодамна гостувајќи во „Clubhouse“ зборуваше Бил Гејтс кој што пред една недела ја прими втората доза на вакцината против коронавирусот.

Тој предупреди дека и оние кои што се вакцинирани можат да го пренесат вирусот, па така и тој за да даде пример и поради сигурност ќе продолжи да носи заштитна маска.

Сепак, тој верува дека светлото од крајот на тунелот наѕира, па за неколку месеци строгите мерки ќе попуштат и луѓето конечно ќе можат малку да се опуштат и да живеат послободно.

До тоа може да дојде до крајот на пролетта и почетокот на летото, но треба да се земе предвид дека Гејтс зборува за ситуацијата во САД, кога станува збор за вакцинацијата која што е далеку подобра во однос на состојбата во Европа.

Тој сепак има намера и понатаму да носи заштитна маска, особено доколку е во близина на стари лица кои што не се вакцинирани. Тој вели дека носењето заштитна маска не е страшна работа и дека истото планира да го прави и во текот на есента, односно сè додека стапката на заразени луѓе не се намали.




Спонзорирани линкови

Маркетинг