Израел останал без брод по воздушен напад на САД

Точка

27/02/2021

11:32

2.896

Големина на фонт

а а а

На израелскиот товарен брод кој пловел од Блискиот исток, се случила експлозија.

Уште не се знаат причините, што предизвикало загриженост за безбедноста на бродовите кои пловат во тој регион во екот на растот на тензиите на релација меѓу САД и Иран.

"Independent" пишува дека необјаснивата експлозија го погодила израелскиот брод додека пловел во Оманскиот залив.

Според соопштението на службата за поморски операции на Велика Британија, бродот и екипажот се безбедни, но принудени да одат до најблиското пристаниште во Оманскиот залив.

Иако причините за експлозијата засега се необјасниви, од поморската разузнавачка компанија "Драјд Глобал" велат дека е многу можно истата да е предизвикана од асиметрична активност на иранската војска, пренесува "Independent". Иран се уште не го прокоментирал инцидентот, известува "AP".

Овој инцидент потсетил на летото 2019-та година, кога на истото подрачје се случиле низа напади за кои американската морнарица го обвинила Иран, што официјален Техеран демантирал.

Во меѓувреме, американскиот претседател Џозеф Бајден наредил бомбардирање на локации кои ги контролираат про-иранските сили во Сирија, во исто време обидувајќи се да ги оживее нуклеарните преговори со Иран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг