Што прави Меланија Трамп? Флорида не ѝ служи само за уживање – поранешната прва дама на САД има големи планови

Точка

27/02/2021

11:27

5.569

Големина на фонт

а а а

Меланија Трамп е една од ретките први дами во историјата на САД за која што толку многу се пишуваше.

Иако Меланија, според мислењето на многумина е сопруга на најнеомилениот поранешен претседател на САД - Доналд Трамп, таа успеа да ги освои срцата и на оние кои што не ја поддржуваат работата на нејзиниот сопруг.

Очигледно дека сите со нетрпение чекаа да се случи некој нетипичен момент за да се покренат гласините.

Така, откако парот ја напушти Белата куќа и се упати во својот дом во Флорида, еден гест на поранешната дама ја „здрма“ јавноста.

Имено, кога Меланија излегуваше од авионот со кој слетаа на Флорида, Доналд Трамп застана за да го фотографираат, а Меланија суптилно продолжи да оди напред, делувајќи како да не сака да има ништо со неговиот јавен политички живот.

Нејзината реакција предизвика воодушевување кај оние кои што не ја кријат желбата дека сакаат нивниот брак да доживее развод. Многумина дури беа сигурни дека на долгогодишниот брак му дојде крајот.

Сепак, фотографиите кои што беа објавени за Денот на вљубените не го потврдија тоа.

Господин и госпоѓа Трамп биле фотографирани во одморалиштето во Флорида како уживаат, на романтична вечера.

Судејќи според фотографиите кои се објавени од страна на обожавателите на Меланија, таа сè уште ужива во познатото одморалиште во Флорида.

Таа била забележана како едно убаво попладне ужива во ресторан во опуштена атмосфера.

Кои се плановите на Меланија?

Официјалниот профил на поранешната прва дама на САД е архивиран, а последната порака која што ја објавила во својство на прва дама на САД е порака за збогување.

Можеби функцијата на прва дама за неа е завршена, но тоа не значи дека Меланија престанала да работи. Како што некои извори тврдат, таа ниту во еден момент не престанала да ги извршува своите обврски.

Многумина наведуваат дека во сончевата Флорида има посебна задача - основала канцеларија која што се занимава со промоција на иницијативата „Биди најдобар“, која има цел да ги заштити младите од насилство на интернет, употреба на опојни дроги и слично. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг