Милионерката се појавила со луксузно „Lamborghini“, но поради фустанот кој го носела никој не го забележал автомобилот

Точка

26/02/2021

17:40

7.984

Големина на фонт

а а а

Кајли Џенер била фотографирана на бензинска пумпа во Лос Анџелес, а убавата дама носела прекрасен портокалов фустан.

Младата милионерка Каjли Џенер (23) секогаш кога ќе се појави во јавноста привлекува големо внимание.

Овојпат тоа го направила појавувајќи се на бензинска пумпа во Лос Анџелес каде што се паркирала со својот „Lamborghini“ автомобил, но покрај неа никој не го гледал скапоцениот автомобил.

Кајли носела тесен портокалов фустан кој што прекрасно ја нагласувал нејзината половина и бујниот задник, иако лицето ѝ било сокриено со заштитната маска, не можела да не биде забележана.


Покрај фустанот таа носела и златен накит и проѕирни потпетици, тренд кој што пред неколку години го постави нејзината полусестра Ким Кардашијан (40).

Младата богаташка обожува да ги истакнува своите раскошни облини, а на својот Инстаграм профил каде што има над 217 милиони следбеници, таа често објавува фотографии на кои што позира полугола.


Кога не се фали со своето тело, на социјалните мрежи рекламира свои производи за убавина на кои што заработува милиони, а често објавува фотографии од својата тригодишна ќерка Сторми која што ја доби со поранешното момче Тревис Скот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг