Филипче: Доктор Јота има тешки повреди на мозокот и белите дробови, поставен е на респираторна машина

Точка

26/02/2021

16:57

8.770

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција зборуваше на состојбата на докторот Ѓорѓи Јота, кој вчера беше прегазен од автомобил управуван од малолетник.

Министерот изјави дека докторот има тешки повреди на главата.

"Доктор Јота има тешка повреда на главата. Се наоѓа на oдделот за интензивно лекување. Има нагмечување на мозокот и белите дробови и поставен е на респираторна машина. Сега се преземаат сите мерки на интензивно лекување", рече Филипче.

Потсетуваме, во четвртокот вечерта во 20,30 часот минути, познатиот хирург доктор Ѓорѓи Јота бил прегазен на крстосницата од булеварот „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски Марко“ и со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, дознава Слободен печат.

Патничкото моторно возило „БМВ Х6“, со скопски регистерски таблички, било управувано од шеснаесетгодишник. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг