Ова овошје е најдобриот „чистач“ на џигерот: Го намалува холестеролот и шеќерот во организмот и ги топи маснотиите

Точка

26/02/2021

17:25

4.659

Големина на фонт

а а а

Нарингининот е антиоксиданс кој што се наоѓа во грејпфрутот и цитрусните овошја, го поттикнува џигерот да ги разградува мастите и истовремено ја зголемува чувствителноста на инсулинот, објавија научниците од САД.

Откриено е како нарингининот во грејпфрутот и цитрусните овошја го поттикнува џигерот во разградувањето на масните киселини и како всушност создава услови во организмот слични на „постот“.

Имено, овој антиоксиданс имитира делување на лековите кои што се користат за намалување на мастите и шеќерот во крвта.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Сите сме слушнале за антиоксиданси, но што се тие? Го намалуваат ризикот од многу болести, а во овие намирници ги има во изобилство

Резултатите на ова истражување укажуваат дека грејпфрутот оправдано ја носи титулата на „чистач“ на џигерот благодарение на нарингининот, тој кој што му дава горчлив вкус на грејпфрутот, за кој што и претходни истражувања потврдиле дека има способност да го намали холестеролот и да ги олесни симптомите на дијабетес.


Напиток за чистење на џигерот

За напитокот потребни ви се две лажици јаболков оцет, еден црвен грејпфрут, портокал и 1/4 ќесичка цимет.

Портокалот и грејпфрутот исцедете ги, па во нив додадете ги оцетот и циметот. Напитокот добро измешајте го за сите состојки да се соединат.

Потoа напитокот е подготвен за консумирање!



Спонзорирани линкови

Маркетинг