Без премногу размислување - изберете еден симбол од фотографијата и дознајте што ви е најпотребно моментално во животот.
Макс Личер, познат швајцарски психолог, составил тест на личноста кој што открива што всушност ви недостасува во животот.
Потребно е само да ја погледнете фотографијата и да изберете еден симбол. Не размислувајте премногу, верувајте ѝ на интуицијата.
.
.
.
.
.
.
.
Црвената боја ја бираат луѓето кои што сакаат внимание и љубов. Тоа се поединци кои што тежнеат по сè што во нив буди страст и ги исполнува однатре. Потребен ви е некој кој ќе ве поддржи.
Вие сте сонувач и желни сте плановите да ви се исполнат. Потребна ви е инспирација и самодоверба за да ги постигнете вашите цели.
Сте избрале црн симбол, што веројатно значи дека сакате некаква промена во вашиот живот - од корен. Сепак, често се враќате на тоа што ви се случило во минатото иако знаете дека тоа не води никаде. Одморете се, опуштете се и престанете да се мачите себеси со лошите спомени.
Сакате да решите некои проблеми кои што подолго време ве мачат. Чекате вашите проблеми со чудо да се решат и потребна ви е сила да го направите тоа. Најмногу би сакале да добиете признание или пак почит од пријателите, затоа што сметате дека тоа ќе ви даде дополнителна сила за останатите работи.
Вие тежнеете по квалитетен живот и сакате да бидете многу самоуверени. Можно е во последно време да се чувствувате хаотично и желни сте за мир и одмор.
Чувствувате нерамнотежа и потребен ви е одмор во добра атмосфера. Веројатно сакате да се одморите и физички и ментално. Моментално конфликтите со другите ви одземаат премногу енергија.
Во вашиот живот моментално не постојат многу проблеми и се чувствувате во некаква рамнотежа. Спремни сте за нови предизвици и духовна раст.
Вие сакате да се оградите од некои провокации, не сакате да се мешате ниту во конфликти. Многу сте уморни и сè потешко ви е да се контролирате. Можно е да ве преоптеретува работата или пак училиштето. Потребно ви е време кое ќе го посветите на себе.