Џон Траволта ќе ѝ каже „збогум“ на својата луксузна викендичка – на продажба за 5 милиони долари

Точка

26/02/2021

16:04

1.555

Големина на фонт

а а а

Популарниот актер во своето портфолио има многубројни недвижнини, но судејќи по многу работи, сега одлучил да се збогува со семејната викендичка во Мејн, ставајќи ја на пазарот со цена од пет милиони долари.

Траволта, првпат го посетил островот Ислесборо на кој што се наоѓа неговата викендичка, пред повеќе од триесет години, во друштво на своја пријателка од светот на шоубизнисот Кирсти.

Во потрагата по место на кое што би можеле да уживаат со своето семејство во текот на празниците, тогаш „новопечениот пар“ Траволта купил имот од 19 хектари на кој што се наоѓа и гигантската вила од 1991 година.


Оваа вила е дело на архитектонската фирма „Peabody & Stearns“, а конструирана е во 1904 година за потомците на исклучително важните и имотни банкарски семејства. По купувањето семејството Траволта ѝ додале модерни детали, ангажирајќи го Кристофер Бошир кој што одлучил да ја направи во еклектичен стил.

Фоајето во вилата се отвора како мало хотелско лоби со простории за интимни разговори и префинети оброци, додека пак двостраната розова софа е централен дел на гламурозната дневна соба, пронаоѓајќи го местото пред прекрасниот камин. Трпезаријата во жолтеникава боја нуди доволно место за повеќе од 12 луѓе на својата маса која што е изработена од полирано дрво.


Ормарите со стаклени предни делови се пополнети со деликатни шолји и винтиџ чинии за торти, додека пак кујната која е преполна со природна светлина е опремена со класични елементи и врвни апарати.

Со над 20 спални соби, оваа вила има само седум тоалети, додека пак апартманот за сопственикот е опремен со винтиџ тоалет, заедно со камин. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг