Професорка шокирала со тестаментот: Оставила 26 милиони евра на добротворни организации! Живеела повлечено надвор од богаташкиот свет

Точка

26/02/2021

12:46

2.203

Големина на фонт

а а а

Професорката по книжевност од Џенова, Мариса Кавана, во тестаментот оставила 25 милиони евра на разни добротворни организации, пишува "Ansa".

Починала на 96 години, а во тестаментот дала прецизни упати како да се подели богаството кое го оставила зад себе. Мислела на се пред смртта, дури и оставила некролог во кој се поздравува со пријателите и поранешните ученици.

Големи суми на пари, оставила, меѓу другите, на организацијата "Amnesty International", болниците во Џенова, Фондот за истражување на малигни заболувања, невладината организација "Пријатели без граници", меѓународната организација за заштита на деца "Спасете ги децата" и други хуманитарни и невладини организации.

Госпоѓата Кавана никогаш не се омажила, живеела многу повлечено и далеку од круговите на монденскиот свет, а се до пензионирањето предавала книжевност и италијански јазик во средно училиште.

И вилата во која живеела, а чија вредност се проценува на три милиони евра, според тестаментот ќе биде продадена на најдобриот понудувач, а парите поделени во добротворни цели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг