Мијалков осуден на 12 години затвор, Јанкулоска на 4 за случајот „Таргет Тврдина“

Точка

26/02/2021

11:37

6.343

Големина на фонт

а а а

Кривичниот суд денеска на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, му изрече казна затвор во времетраење од 12 години за "Таргет Тврдина".

Мијаков беше гонет за три кривични дела, односно "Злоупотреба на службената положба и овластување" за што е осуден на казна затвор од 5 години, за "Злосторничко здружување" на казна затвор од 5, и за "Примање награда за противзаконито дејствување" на казна затвор од 3 години, или вкупно 12 години.

За истиот случај, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска доби затвор во траење од 4 години.

Бегалците, односно поранешните началници во УБК, Горан Грујевски е осуден на единечна казна од 15 години, а Никола Бошкоски на 15 години.


На Мијалков казната набрзо ќе му се намали, бидејќи едно од делата му застарува за еден месец.

Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на Мијалков во УБК, по чија наредба биле уништени системите за следење на комуникациите во МВР доби 6 години.

Обвинети дека формирале злосторничко здружување беа и Надица Николоќ која доби три години. Владимир Варелов доби условна осуда, 2 години ако направи ново кривично дело во рок од пет години.

За Марјан Шумуликовски – условна осуда, а доколку направи ново кривично дело во рок од пет години ќе има затвор од две години.


Силвана Златкова – условна осуда, две години затвор ако во рок од пет години стори ново кривично дело.

Васил Исакоски – условна осуда, а ако стори ново кривично дело во наредните пет години ќе треба да издржи казна затвор од две години.

Валентина Симоновска – условна осуда, со казна затвор од две години доколку обвинетата во наредните пет години стори ново кривично дело.

Пресудата за „Таргет-Тврдина“ е првостепена, а странките ќе имаат право на жалба до Апелацискиот суд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг