Messenger и Instagram не работат: Еве што е проблемот

Точка

25/02/2021

19:06

2.506

Големина на фонт

а а а

Проблемите со Messenger и Instagram пораките во Македонија и регионот настанаа поради тоа што овие две апликации се спојуваат во една.

Интеграцијата на сервиси за пораки не е нова работа, а се чини дека сега Македонија е на ред да се спојат Messenger и Instagram, па двете апликации се недостапни и не работат.

Тоа значи дека Messenger и Instagram ќе бидат една апликација за допишување и се што ќе испратите на Instagram ќе може да се види на Messenger кој станува главна апликација на Facebook за допишување.


Овој процес создава потешкотии во испраќањето на пораки на Messenger и Instagram и повремен целосен прекин на функционирањето на апликациите. Отсега па натаму, кога ќе испратите порака на Instagram кон некој ваш пријател, тоа лице пораката ќе ја добие на Messenger апликацијата. Исто така, наместо стрелката во горниот десен агол каде што се Direct Messages, ќе биде сместена иконата на Messenger.

На корисниците на Instagram ќе им биде овозможено да користат и повици како што тоа досега беше случај со Messenger.

Повеќе информации околу функционалностите на Messenger апликацијата која ќе се спои со функцијата за испраќање на пораки на Instagram ќе дознаеме наскоро кога ќе заврши целиот процес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг