Заев донира дел од парите од Хесенската мировна награда за справување со Ковид-19

Макфакс

25/02/2021

17:43

767

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев донира дел од парите од Хесенската мировна награда за справување со Ковид-19, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во свое лично име, во име на Министерството за здравство и сите оние што се на првата линија во борбата со Ковид-19, упатувам благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција. Премиерот својот дел од Хесенската мировна награда, што ја добија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во висина од 12.500 евра, ја донира во солидарниот фонд за справување со Ковид-19“, напиша Филипче на „Фејсбук“.

Тој додава дека огромен број заедници, компании, но и индивидуалци се приклучиле преку оваа иницијатива во заедничкото справување со планетарната криза.

„Солидарноста е клучна во периодот што следува и нашето општество мора да функционира како едно“, напиша Филипче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг