Бугарите лути на “AstraZeneca”: Ја одзедовте надежта на нашиот народ, вакцините ни се потребни веднаш!

Точка

25/02/2021

17:55

1.883

Големина на фонт

а а а

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов остро ја прозва компанијата “AstraZeneca” и фактот дека нивните вакцини не им се доставени на бугарските власти на време.

Бугарскиот министер истакна дека целата кампања на вакцинирање во Бугарија е загрозена поради непочитувањето на договорот од страна на производителите на вакцини. Ангелов порача дека “AstraZeneca” мора веднаш на Бугарија да ѝ ги достави барем првите 52,800 дози кои беа одложени за 1-ви март, но прашање е дали тоа ќе се случи.

Имено, Бугарија стои најлошо во целата Европска унија кога станува збор за бројот на вакцинирани граѓани.


Преку Европската унија, Бугарија нарача вкупно 4,5 милиони дози на вакцината на “AstraZeneca”. Во текот на февруари требаше да им бидат испорачани вкупно 450 илјади дози, но добија само 117 илјади дози.

Поради страв од потенцијален крах на здравствениот систем, Ангелов истакна дека бугарската влада уште денеска е подготвена да испрати транспортни авиони и да ги земе договорените дози на вакцината против коронавирусот.

Во драматичното писмо до компанијата, првиот човек на бугарското здравство напиша: „Поради недостатокот на вакцините кои вашата компанија требаше да му ги достави на бугарскиот народ, ви ја испраќам оваа порака - “AstraZeneca” ја одзеде надежта на народот“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг