Во модерниот свет, има сè повеќе луѓе кои што ни ја црпат енергијата и се „хранат“ со фактот што на другите луѓе нешто не им оди баш најдобро во животот.
1. Стрелец
Тие на прв поглед изгледаат љубезно, но тоа е само нивната маска. Стрелците никогаш нема да пропуштат шанса да го извлечат тоа што им треба од другата личност. Тие се вешти манипулатори и ги користат луѓето за да стигнат до зацртаната цел.
2. Јарец
Во овој хороскопски знак се раѓаат луѓето кои што сите им завидуваат на успехот. Тие сакаат да разговараат со другите луѓе и уживаат во туѓата несреќа. Во крвта им е да ги понижуваат другите луѓе и често мислат дека се во право и дека немаат ниту една маана кај себе. Кога ви е лошо во животот, Јарецот секогаш ќе се најде во близина да ви „додаде сол на раната“.
3. Близнаци
Близнаците често несвесно знаат да бидат лоши. Тие бараат внимание од другите, но кога некој нивен близок ќе се најде во неволја, не умеат да ја дадат потребната поддршка. Тие не завидуваат толку, колку што не умеат да бидат утеха и рамо за плачење. Едноставно не знаат што е одговорност и обврска.
4. Лав
Претставниците на овој хороскопски знак едноставно сакаат да го покорат животот на оној кој што ќе им застане на патот. Тие се мајстори во одмаздата, тоа го прават осмислено и плански. Многу лесно знаат да се изнервираат и имаат потреба да бидат пред сите.
5. Шкорпија
Тие уживаат во уништувањето на животот на луѓето, без посебна причина. Едноставно уживаат во фактот некој да пати. Дури и доколку бидат откриени во тоа, ќе најдат многу причини да се правдаат, но никогаш нема да ја признаат својата вина.