Водечкиот американски инфектолог и шеф на кризниот штаб за борба против коронавирусот им порача на граѓаните денеска да примат било каква вакцина која ќе им биде достапна.
Во Соединетите Американски Држави се достапни вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, а наскоро се очекува и вакцината на „Џонсон и Џонсон“ која има една доза, да добие одобрување за употреба од страна на Агенцијата за храна и лекови.
Фаучи во интервјуто за “NBC” ги предупреди граѓаните да не го одложуваат примањето на вакцината притоа бирајќи која вакцина ќе ја примат.
„Ова е трка помеѓу вирусот и вакцинацијата и што подолго чекате да се вакцинирате, вирусот ќе има подобри шанси да мутира“, изјави Фаучи.