Средношколците во овој град се вратиле во училишните клупи на 26-ти јануари, но со пропишани строги мерки.
Средношколскиот бенд во американскиот град Веначи е принуден да вежба во мали затворени шатори.
Оваа заштитна мерка против Ковид-19 по повторното отворање на училиштата ширум САД е исмеана на социјалните мрежи.
Средношколците од овој град се вратиле во училишните клупи на 26-ти јануари, но со пропишани строги мерки.
Фотографиите кои во средата ги објавил локалниот весник "Wenatchee World" покажуваат како млади музичари затворени во своите мали зелени шатори за физичко дистанцирање се обидуваат да свират на инструменти.
This is a high school band practice in Wenatchee,WA pic.twitter.com/q2prCJemX0
— Ari Hoffman (@thehoffather) February 24, 2021
Таа глетка предизвикала бура од коментари на интернет.
ТВ водителот Бил Спадиа напишал: "Што им прават возрасни кукавици на цела генерација од деца? Кога ќе ги сметаме управниците на училиштата како одговорни за ова лудило".
Водителот на подкаст Мајк Бери се потсмевал со фотографиите со објава на Твитер: "Идиоти има колку сакаш".