Германски експерт тврди: "ИСИС не е способна за сложени напади, се сомневам дека ќе постои за 10 години"

Точка

25/02/2021

16:33

1.171

Големина на фонт

а а а

Исламската држава во 2015-та година во Париз извршила пет напади на локации во тој град.

Терористичката организација Исламска држава повеќе не е способна за изведување на сложени напади, смета германскиот експерт за тероризам, Петер Нојман.

Нојман, кој е професор по безбедност при лондонскиот "King's College", истакнува дека ИСИС повеќе не е способен за детално планирани, сложени акции како нападите во Париз во 2015-та година.


Во ноември 2015-та година исламските терористи истовремено извршиле напади на пет локации во Париз, вклучувајќи ја концертната сала Батаклан и фудбалскиот стадион "Stade de France", убивајќи 130 луѓе, пренесува "Index.hr".

Нојман слабеењето во капацитетите на терористите на ИСИС го гледа во загубата над делови на Ирак и Сирија, односно во исчезнувањето на калифатот, со што таа организација изгубила на атрактивност, без која е тешко да регрутира нови борци.


Заканата која ја претставуваат исламските екстремисти поради тоа е значајно помала отколку пред шест години, иако "осамените волци" и натаму ќе претставуваат закана, смета Нојман.

Тој се сомнева во тоа дека за 10 години исламската држава воопшто да постои.



Спонзорирани линкови

Маркетинг