Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19

Дерби

25/02/2021

15:41

1.257

Големина на фонт

а а а

Од таборот на италијанскиот Интер потврдија дека пет лица од клубот се инфицирани со коронавирусот.

Среќна околност за лидерот на табелата во Серија А е што меѓу заразените нема фудбалери и членови на стручниот штаб, туку сите заразени се дел од управата.

Првите оперативци на клубот, Џузепе Марота и Пјеро Аусилио се меѓу потврдените позитивни случаи, а меѓу нив е и еден од директорите, Алесандро Антонело, како и клупскиот правник, Анхело Капечини. Петтиот член позитивен на Ковид-19 е човек кој работи во техничката служба на тимот.

Сите тренери и целиот тим на Интер во следниот период ќе ги следат протоколите на здравствените власти со цел да се избегне дополнително ширење на вирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг