Спасовски: Нема договор за Мијалков

Точка

25/02/2021

15:32

1.191

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му одговори на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во врска неодамнешниот случај со Сашо Мијалков.

Опозицијата обвинува дека имало договор постигнато помеѓу Мијалков и властите, меѓутоа тоа денеска го отфрли првиот човек на МВР, Оливер Спасовски.

„Апсолутно, тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се исклучуваат една од друга. Ако некој со некого се договарал, за што се договарал, да избега или да се врати повторно пред лицето на правдата, кој е тој договор што е правен и со кого бил правен? Никакви договарања нема и нема да има со било кого, а секој еден што носел какви било одлуки спротивни на закон, спротивни на интересите на граѓаните и на државата, треба во секој момент да излезе пред лицето на правдата и да понесе одговорност“, пренесува „Бриф“.

„Од почетокот кога се отворија постапките дека правда мора да има за секого во оваа држава без разлика кој е тој и на каква позиција се наоѓа. И ова што сега го направија институциите со приведувањето на Мијалков и неможноста да избега од правдата“, порача Спасовски.

Во меѓувреме, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека ќе ја поддржи интерпелацијата поднесена за Оливер Спасовски од коалицијата Алтернатива и Алијанса.

„Апсолутно. Тој човек е најголемиот заштитник на оваа крими-коалиција која што владее со Македонија во изминативе години“, изјави лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг