Го лажирал своето киднапирање за да изнуди пари од својата девојка

Точка

25/02/2021

15:46

1.201

Големина на фонт

а а а

Во Вилинген-Шевенинген во Германија, наводното земање на заложник во понеделникот навечер предизвикало акција на специјалната полиција "SEK".

40-годишна жена пријавила дека на нејзиниот мобилен телефон пристигнала фотографија од нејзиното 27-годишно момче, кое очигледно било заробено, повредено и физички злоставувано, пишува "Fenix Magazine".

Покрај фотографијата, добила и СМС порака во која се наведува дека нејзиното момче се држи како заложник и дека мора да им уплати прилично голема сума на пари за да го ослободат. Ако не го направи тоа, се заканиле дека ќе го убијат.


Жената веднаш после тоа се јавила во полиција, која како место на злосторството идентификувала стан во Шевенинген. Потоа посебна единица на полицијата упаднала во зградата и ја затекнала наводната жртва со уште пет лица на возраст од 28 до 38 години.

Било откриено дека нејзиното момче го лажирало сопственото киднапирање и изнуда за да може од неа да добие пари. Полицајците во станот пронашле и дрога.

Државното обвинителство и криминалистичката полиција започнале истрага.




Спонзорирани линкови

Маркетинг