Гвардиола одговори на прашањето дали се фаворити во Лигата на шампионите: Kога ги гледам нив не би рекол дека сме

Дерби

25/02/2021

12:58

1.206

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити со една нога е веќе во четвртфиналето од Лигата на шампионите по победата како гостин против тимот на Борусија Мехенгладбах со 2:0.

„Граѓаните“ ја продолжија неверојатната серија од 17 натпревари по ред во кои прокнижуваат само победи во сите натпреварувања, па јасно е јавноста да ги гледа како фаворит за освојување и на титулата во Лигата на шампионите.

Гвардиола запрашан дали го гледа неговиот тим како фаворит за пиедесталот во најелитното европско натпреварување, тој истакна дека гледајќи ги игрите на Баерн Минхен, не би рекол дека тие се фаворити.

– Кога го гледам Баерн не би рекол дека ние сме фаворити. Овој натпревар го контролиравме, точно е тоа, но кон напред не бевме доволно добри. Тоа мора да го подобриме во ова натпреварување затоа што во Лигата на шампионите мора да бидеш совршен ако сакаш да дојдеш до прилика да се бориш за трофејот.

– Ако луѓето мислат дека сме фаворити, ние тоа треба да го прифатиме, но како може да биде фаворит тим кој во својата историја има само едно полуфинале во Лигата на шампионите? Како? Но, ако се зборува така, ние ќе ја прифатиме таа улога, - јасен беше Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг