Захариева: ЕУ не е Југославија, Бугарија нема да потклекне под притисокот на Европа и САД

Макфакс

25/02/2021

10:54

2.248

Големина на фонт

а а а

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатарина Захариева, по повод средбата со Бујар Османи, изјави дека Бугарија нема да подлегне на притисокот за интеграциите на Македонија во ЕУ.

"Европската Унија не работи како Југославија, таа работи поинаку и ние ѝ зборуваме за тоа на Република Северна Македонија од 2019 година", рече Захариева, алудирајќи на почитување на Договорот за добрососедство и неопходноста од напредок во дијалогот.

Захариева додаде дека никој, па ни Соединетите Американски Држави, не може да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Македонија со ЕУ ако не се исполнети условите.

Османи и Захариева вчера се сретнаа во Софија, каде разговараа за акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација, во функција на договарање на втората меѓувладина конференција меѓу владите на двете земји.




Спонзорирани линкови

Маркетинг