"Меч на одмазда": Ова е новиот шеф на Ал Каеда: Немилосрден стратег поопасен од Бин Ладен, САД нудат 10,5 милиони за информации за него

Точка

25/02/2021

10:12

6.750

Големина на фонт

а а а

Терористичката организација Ал Каеда се подготвува повторно да стане светска закана како што била за време на нападот на Њујорк на 11-ти септември 2001-ва година, бидејќи на чело дошол немилосрдниот лидер кој го нарекуваат "Меч на одмазда" и за кого разузнавачките служби тврдат дека е поопасен од Бил Ладен.

"Се верува дека крволочниот Саиф Ал-Адел е нов лидер на Ал Каеда и дека регрутира борци од ИСИС, како и дека предизвикува страв од ѕверства ширум Западот. Станува збор за поранешен египетски генерал (60) за кој се верува дека е генијален и немилосрден стратег", пишува британски "Mirror".

Висок британски експерт за тероризам за тој весник рекол дека дека, во споредба со претходниот лидер на Ал Каеда, Ајман Завахири, Ал Адел е многу поефикасен лидер, во најмала рака егал со Осама Бин Ладен, ако не и поопасен од него.

Гласините дека Завахири е веројатно мртов значат дека разузнавачките служби од Западот ќе мора да внимаваат на реорганизацијата на Ал Каеда, со оглед на тоа дека Саиф, кој има база во Иран, е нов шеф, наведува "Mirror".

"Британски и американски шпиони ги следеле потезите на Саиф со години, бидејќи бил вмешан во секој напад на Ал Каеда кој се случил минатите три децении", се додава во текстот.

Египетскиот џихадист, ветеранот Ајман Завахири, го преземал водството по убиството на Бин Ладен во 2011-та година, но речиси да не се слушнало за него со години.


Поранешниот ФБИ експерт за контратероризам Али Суфан напишал дека Саиф би можел да биде "третиот емир на Ал Каеда" со тридецениски стаж во таа организација.

Америка веќе нуди 10,5 милиони долари за информации за Саиф, кој се бара за бомбардирање на амбасадата на САД во Најроби и Даер ес Салам, кога загинале 224 луѓе.

Саиф ја водел личната Црна гарда на Бин Ладен, единицата за заштита во Авганистан, која го добила името по црните марами.



Спонзорирани линкови

Маркетинг