Математичка задача поставена на првоодделенци збуни многумина, никој не е сигурен во одговорот

Точка

24/02/2021

22:03

4.582

Големина на фонт

а а а

Прашање по математика кое 7-годишници требале да го одговорат за домашна работа, збуни многу корисници на социјалните мрежи, откако на Твитер го сподели таткото на едно девојче.

„Ова го доби ќерка ми за домашна задача во понеделникот. Може ли некој да ми помогне со одговорот?“, прашал таткото.

„Не сум сигурен што би требало да биде точниот одговор“, додал.

На сликата е прикажан полукруг во рамка, а учениците треба да откријат дали тврдењето дека формата на сликата има два прави агли е точно или неточно.

Задачата многу брзо стана хит на социјалните мрежи, а многу коментатори се обиделе да дојдат до одговорот и да му помогнат на збунетиот татко.

„Би рекол дека одговорот е 'не', но постојат искривени црти, но можеби грешам. Изгледа како нешто многу тешко за некој толку млад“, напишал еден корисник.

„Јас мислам дека одговорот е 'да', бидејќи аголот на закривената линија исто би требало да биде на 90 степени“, додал друг.

Иако на листата за одговори е откриено дека точниот одговор всушност е 'не', односно 'неточно', математичарот Јатес раскажал за „Mirror“ дека одговорот сепак би можел да биде 'точно'.

„Ако зумирате, тогаш сигурно можете да видите дека тангентите на полукругот го исполнуваат неговиот дијаметар под прав агол“, рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг