Солскјер уште еднаш јавно проговори за Халанд: Нормално е да сум во контакт со него

Дерби

24/02/2021

20:36

1.213

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на прес конференцијата пред натпреварот со Реал Сосиедад во рамките од Лига Европа повторно беше запрашан за норвешкиот напаѓач, Ерлинг Халанд.

Манчестер Јунајтед според многумина е еден од најзаинтересираните клубови за играчот, па се очекува да тргне по неговите услуги во летниот преоден рок.

Солскјер беше запрашан дали Јунајтед го следи Халанд откако агентот на играчот, Мино Раиола истакна дека четири клуба од Премиер лигата може да си го дозволат потписот на играчот.

– Кога има играчи кои си ги тренирал како менаџер, нормално е да ги следиш. Јас сум во контакт со Ерлинг, одлично е да се види дека тој стана играч каков што стана. Но, тој е играч на Борусија Дортмунд и му посакувам се најдобро таму. Сега останува да видиме што ќе донесе иднината.

– Знаете дека не можам да зборувам многу за Ерлинг, непочитување е ако зборувам повеќе на оваа тема. Ќе кажам само, кој не беше заинтересиран за него пред една година?, -изјави Оле Гунар Солскјер одбивајќи да го негира конкретниот интерес од Јунајтед за самиот играч.



Спонзорирани линкови

Маркетинг