Фердинанд: Добивме доказ колку е лоша шпанската Ла Лига!

Дерби

24/02/2021

17:18

1.338

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот фудбал беше број еден во Европа со години наназад и доминацијата на шпанските екипи беше изразена со освоените титули во Лигата на шампионите и Лига Европа, па иако Севилја го оправда приматот на најуспешен тим во второт по ранг натпреварување на стариот континтент, се добива впечаток дека фудбалскиот квалитете на Пиринеите е се послаб.

Минатата сезона, ниту еден шпански тим не беше дел од завршницата во Лигата на шампионите, а вчерашниот пораз на Атлетико Мадрид од Челси во осминафиналето му послужи на Рио Фердинанд за да донесе еден сериозен заклучок кога е Шпанија во прашање.

Шпанскиот тим загуби од Челси со резултат 0:1, но она што привлече големо внимание е фактот што составот на Чоло Симеоне не испрати ниту еден директен шут кон голот на Менди кој немаше ниту една интервенција.

– Ова е јасен доказ за тоа колку шпанската Ла Лига е лоша и слаба во овој момент. Атлетико дури не се ни закани, иако веќе прими гол. Не се закануваа цел меч, но и откако примија гол, – порача Рио, надополнувајќи дека Атлетико е прв во Примера, а Челси петти во Премиер лигата.

– Голманот на Челси не беше ниту тестиран, тоа што немаше фанови им помогна на гостите, но тоа не е оправдание. Ако Челси одигра професионално на вториот меч, нема да има проблем против ваков Атлетико каков што гледавме, – додаде Рио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг