Два милиони луѓе за еден ден виделе што прави Рамос по операција

Точка

24/02/2021

17:16

2.245

Големина на фонт

а а а

Серхио Рамос пред две недели го оперирал коленото кое го мачело долго време, поради што примал инекции и често трпел болки.

Затоа не може да игра за Реал на натпреварите против Аталанта во осмина финалето од Лигата на Шампионите, што е огромен хендикеп за најголемиот светски клуб.

Капитенот и симбол на Реал и еден од најтрофејните фудбалери, меѓутоа, покажува неверојатна сила, издржливост и отпорност на болка.

Имено, на Инстаграм Рамос објавил снимка како во теретана изведува тешки вежби и крева огромен товар, како да не правел неодамна операција.

За помалку од 24 часа тоа видео го погледнале речиси два милиони луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг